ПочитуваниИмам едно прашање до вас. Дали може да ме упатите за подетални информации кои се однесуваат за депозити на коминтенти, во мојот случај за мојот починат татко, во банки који денеска веќе не постојат односно се згаснати како резултат на ликвидација. Подетално ме интересира за поранешна ,,Југобанка'' т.е. ,,Банка за надворешна трговија а.д. Скопје'', и поранешна ,,Љубљанска банка'' т.е. ,,Македонска банка'' а.д Скопје.Со почитГоран Глигориевски
Почитувани,
Сакамe да ве известиме дека Фондот за осигурување на депозити врши обесштетување на депоненти во вашиот случај само за Македонска банка АД Скопје во ликвидација.
Доколку имате книшка или трансакциска сметка од таа банка, тогаш потребно е со Оставинското решение, документ за лична идентификација и документот од Македонска банка (книшка и сл.) да појдете во канцеларијата на банката и да проверите дали има податоци за вашиот татко и доколку има да побарате да ви издадат потврда за обесштетување за да можете да го остварите своето право на обесштетување во Фондот за осигурување на депозити.
За ваша информација, за старото девизно штедење и заробените девизи, како и исплатата на ратите по тој основ и каматите по истите, нашата држава сервисот за исплата покрај на Македонска банка (сега во ликвидација) го има доделено и на НЛБ Тутунска банка АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје (здрави банки кои работат). Од таа причина, добро би било проверка да направите во сите банки.