Регионалната соработка во фокусот: Фондот за осигурување на депозити на состанокот во Загреб.

09.06.2026

На 1 јуни 2026 година во Загреб се одржа регионален состанок посветен на методологијата за пресметка на премија врз основа на ризик во системите за осигурување на депозити.

На состанокот учествуваа претставници на институциите за осигурување на депозити од регионот, со цел размена на искуства, добри практики и пристапи во развојот и примената на системите за пресметка на премија базирана на ризик.

Фондот за осигурување на депозити на Република Северна Македонија беше претставуван од д-р Краља Чесмаџиска, м-р Маја Ристовска и Катрина Деминева Кочовска.

Во рамките на програмата, д-р Винко Златиќ одржа презентација за методологијата за пресметка на премија базирана на ризик што се применува во Република Хрватска, при што беа претставени клучните принципи, критериуми и практични аспекти на нејзината имплементација. По презентацијата следуваше сесија за прашања и одговори, како и дискусија меѓу учесниците.

Претставниците на институциите од регионот ги презентираа своите национални модели, искуствата од нивната примена и предизвиците со кои се соочуваат во процесот на имплементација. Разменетите искуства придонесоа за подобро разбирање на различните пристапи и зајакнување на регионалната соработка во областа на осигурувањето на депозити.

Состанокот се одвиваше во конструктивна и професионална атмосфера, при што беше истакната важноста од континуирана соработка и размена на знаења меѓу институциите со цел понатамошно унапредување на системите за осигурување на депозити и зајакнување на финансиската стабилност.

Слика
1
Слика
2
Слика
3
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • ПроКредит банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Скопје
  • Универзална Инвестициона банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје
  • Централна Кооперативна банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • ТТК банка АД Скопје
  • Силк Роуд Банка АД Скопје
  • Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје
  • Штедилница Можности ДОО Скопје