Во периодот од 27 до 28 мај 2026 година во Виена, Република Австрија, претставници од Фондот за осигурување на депозити – Маја Ристовска, Леонора Ајдари и Сања Стојковска – учествуваа на конференцијата „Balancing Regulatory Simplification with Financial Stability Challenges“, организирана во рамки на програмата FinSAC.
На конференцијата беа разгледани актуелните предизвици поврзани со поедноставувањето на финансиската регулатива и зачувувањето на финансиската стабилност, како и влијанието на регулаторните промени врз супервизорските практики и банкарскиот сектор. Дополнително беа презентирани пристапи за рано идентификување на кредитен ризик и нефункционални пласмани, како и регулаторни практики поврзани со ризиците од крипто-средствата и дигитализацијата на финансиските услуги.
Стекнатите знаења и искуства ќе придонесат за унапредување на работните процеси и примена на добрите меѓународни практики во извршувањето на работните задачи.













