Заеднички состанок на Stress-test работна група, Комитет за односи со јавност работна група и Група за меѓународна соработка

04.09.2024

Во четврток, 29 август и петок, 30 август 2024 година, Албанската агенција за осигурување на депозити (ADIA) беше домаќин во Валона, Албанија на успешен и прониклив дводневен настан на работните групи на EFDI: STWG, PRC и H2C Подгрупата.

Фондот за осигурување на депозити беше учесник на овој значен настан со свои претставници.

Првиот ден беше посветен на Стрес тест групата при EFDI (STWG). Настанот го отвори г-дин Генци Мамани, извршен директор на Албанската агенција за осигурување на депозити  и лидерот на STWG, г-дин Хозе Марија Фернандез (FGD, Шпанија).

Вториот ден беше посветен на Комитетот за односи со јавност при (EFDI  - PRC Committee), како и на подгрупата за меѓу гранична соработка.

На овие настани беа презентирани искуства при спроведување на стрес-тестови во различни држави, како и примери за исплата на обесштетување во последните 3 години. При тоа, се развија дискусии и се отворија прашања за кои е потребно да се разговара на следните состаноци на групите.

Слика
valona 1
Слика
valona 2
  • Силк Роуд Банка АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • ПроКредит банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Битола
  • Стопанска банка АД Скопје
  • Универзална Инвестициона банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје
  • Централна Кооперативна банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • ТТК банка АД Скопје
  • Штедилница Можности ДОО Скопје
  • Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје