Прашања и одговори

FODSK

Што се случува со средствата, во случај на ликвидација на банка или штедилница, на сметката на депонентот да има повеќе средства од лимитот од 30.000 евра? Дали тие се трајно изгубени или се исплаќаат но не во целост?

Исплатата на депонентите до законски предвидениот лимит од 30.000 евра е по депонент по банка. Во случај кога депозитот го надминува законски предвидениот лимит (во моментов 30.000 евра во денарска противвредност), тогаш остатокот од средствата над лимитот за обесштетување депонентот (штедачот) ги побарува од ликвидационата или стечајна маса на пропаднатата банка или штедилница. Фондот за осигурување на депозити гарантира само за законски предвидениот лимит за обесштетување.

 

Почитувани, имам едно прашање до вас. Дали може да ме упатите за подетални информации кои се однесуваат за депозити на коминтенти, во мојот случај за мојот починат татко, во банки који денеска веќе не постојат односно се згаснати како резултат на ликвидација. Подетално ме интересира за поранешна „Југобанка“ т.е. „Банка за надворешна трговија а.д. Скопје“, и поранешна „Љубљанска банка“ т.е. „Македонска банка“ а.д Скопје. Со почит Горан Глигориевски

Почитувани, Сакамe да ве известиме дека Фондот за осигурување на депозити врши обесштетување на депоненти во вашиот случај само за Македонска банка АД Скопје во ликвидација. Доколку имате книшка или трансакциска сметка од таа банка, тогаш потребно е со Оставинското решение, документ за лична идентификација и документот од Македонска банка (книшка и сл.) да појдете во канцеларијата на банката и да проверите дали има податоци за вашиот татко и доколку има да побарате да ви издадат потврда за обесштетување за да можете да го остварите своето право на обесштетување во Фондот за осигурување на депозити.

За ваша информација, за старото девизно штедење и заробените девизи, како и исплатата на ратите по тој основ и каматите по истите, нашата држава сервисот за исплата покрај на Македонска банка (сега во ликвидација) го има доделено и на НЛБ Тутунска банка АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје (здрави банки кои работат). Од таа причина, добро би било проверка да направите во сите банки.

  • Силк Роуд Банка АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • ПроКредит банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Битола
  • Стопанска банка АД Скопје
  • Универзална Инвестициона банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје
  • Централна Кооперативна банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • ТТК банка АД Скопје
  • Штедилница Можности ДОО Скопје
  • Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје