Органи на управување

FODSK

ОРГАНИ НА ФОНДОТ

Органи на Фондот се Управен одбор и дирeктор

Директор/Drejtor Amir Shabani
e-mail amirs@fodsk.org.mk

Кратка биографија на директорот

Роден во Џаковица, Република Косово на 17.01.1984 година. Основно образование завршил во родниот град, а средно образование во Куманово. Во 2009 година дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. По дипломирањето до 2011 година работи како Раководител на администрација на дисперзираните студии во Куманово на Државниот универзитет во Тетово. Од мај 2015 година до март 2016 година, работи во општина Куманово како инспектор за домување. Од април 2016 година до мај 2017 година е посебен советник во Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања. Од декември 2017 година, работи како советник за правни работи во Кабинетот на заменик министерот за образование и наука, а од јуни 2018 година е посебен советник во Кабинетот на министерот за образование и наука. На 26 октомври 2020 година е назначен за вршител на должноста директор на Фондот за осигурување на депозити.

Управен одбор

Управниот одбор е составен од пет члена именувани од Владата на Република Северна Македонија и тоа три на предлог на министерот за финансии, еден на предлог на гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија и еден на предлог на Македонската банкарска асоцијација кој треба да е од редот на стручни лица од областа на банкарството и финансиите и кој не смее да е член на орган на управување или вработен во банка, филијала на странска банка или штедилница.

Активностите на Фондот се извршуваат во следните одделенија:

  • Одделение за администрација ги врши работите што се однесуваат на нормативно - правно уредување на работењето на Фондот согласно законска регулатива, управување со човечки ресурси, сметководствената евиденција и финансиски извештаи, спроведување на јавните набавки и водењето на евиденции за постапките за јавни набавки, водење на архива, експедиција и опслужување на останатите единици и вработени и одржување и обезбедување на простории и работна атмосфера.
  • Одделението за обесштетување на депоненти, меѓународни односи, односи со јавност и ИКТ ги врши работите што се однесуваат на анализа на состојба на депозити кај членките на Фондот, исплата на осигурени депозити и останати обврски на Фондот, анализа на извештаи заради пресметка на премии и проекција на исплати, изготвување и управување со дата бази на иматели на осигурени депозити, управување со информатичко - комуникациска техника, технологија и софтверски програми и комуникација и спроведување на активности кои произлегуваат од соработка со домашни и меѓународни институции.
  • Одделение за инвестиции ги врши работите што се однесуваат на контрола на пресметка на премии, спроведување на инвестициона политика и го координира Одборот за инвестирање, одржување на ликвидност на Фондот согласно законска регулатива, одржување на ИСО стандард, изготвување на анализи и извештаи за инвестиционото портфолио на Фондот и оценка на ризици и предлози за купување на хартии од вредност и државни записи.
  • Силк Роуд Банка АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • ПроКредит банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Битола
  • Стопанска банка АД Скопје
  • Универзална Инвестициона банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје
  • Централна Кооперативна банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • ТТК банка АД Скопје
  • Штедилница Можности ДОО Скопје
  • Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје