Комитет за односи со јавност и комуникации при ЕФДИ, Подгорица, Црна Гора

13.10.2025

Состанокот на Комитетот за односи со јавност и комуникации (PRC) се одржа на 9 и 10 октомври 2025 година во Подгорица, Црна Гора, во организација на Фондот за заштита на депозити на Црна Гора (FZD). На настанот присуствуваа претставници од институциите членки на Европскиот форум на осигурители на депозити (EFDI), вклучувајќи делегати од Луксембург, Северна Македонија, Полска, Франција, Чешка, Србија, Грција, Шпанија, Германија, Холандија и Романија.

Неколку теми беа опфатени на состанокот и тоа:

  • Методи и алатки за комуникација
  • Комуникација во кризни ситуации – случаи на исплата на депозити
  • Модел за пресметка на комуникациските трошоци при прекугранични исплати на депозити
  • ЕУ регулатива: CMDI/DGSD3
  • Ажурирање на активностите на EFDI
  • Истражување за кол-центри (Call Centres Survey)
  • Мерење на јавната свест (Public Awareness Measurements – PAM 2026)
  • Преглед на активностите на членовите (Round Table)
  • PRC Road Map 2025–2026

Претставниците од Северна Македонија активно учествуваа во дискусиите, презентирајќи искуства и практики во областа на комуникацијата со јавноста и информирањето на депонентите. Нивниот придонес беше високо оценет од страна на присутните членови на комитетот. Поради активното учество и презентираните примери за успешни комуникациски практики, претставниците од Северна Македонија добија покана на следниот состанок на PRC Комитетот да одржат засебна презентација за мерењето на јавната свест и презентација на сите активности за комуникација со јавноста што се спроведуваат во Северна Македонија.

На крајот на средбата беше разгледана и усвоена работната рамка за наредниот двегодишен период, со приоритет на унапредување на јавната комуникација и споделување на добри практики меѓу членовите: континуирана размена на информации меѓу членовите на PRC, редовно ажурирање на податоците за мерење на јавната свест (PAM) и понатамошно усогласување на комуникациските стратегии на фондовите со новите ЕУ директиви.

Следниот состанок на PRC Комитетот ќе се одржи во текот на 2026 година, во земја што ќе биде дополнително определена.

Слика
Podgorica 4
Слика
Podgorica 2
Слика
Podgorica 1

 

 

Слика
Podgorica 3

 

  • Силк Роуд Банка АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • ПроКредит банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Битола
  • Стопанска банка АД Скопје
  • Универзална Инвестициона банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје
  • Централна Кооперативна банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • ТТК банка АД Скопје
  • Штедилница Можности ДОО Скопје
  • Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје