Слика

На 11 септември 2025 година, во Собранието на Република Северна Македонија, Фондот за осигурување на депозити беше домаќин на регионалната средба на членките на Европскиот форум на осигурители на депозити (ЕФДИ) од Балканскиот регион.
Настанот се одржа под мотото „Тековна легислатива и идни реформи во системите за осигурување на депозити во Балканскиот регион“, а на него учествуваа претставници од повеќе земји членки на ЕФДИ.
Средбата претставуваше значајна платформа за размена на искуства, идеи и добри практики поврзани со заштитата на депонентите и стабилноста на финансиските системи, како и за дискусија за тековните законски решенија и потребата од идни реформи во системите за осигурување на депозити.
Со вакви иницијативи, Фондот за осигурување на депозити ја потврдува својата заложба за унапредување на регионалната и европската соработка, развој на регулативата и зајакнување на довербата на граѓаните во финансискиот систем.