Фондот за осигурување на депозити спроведе истражување на јавно мислење во период од 21 ноември до 5 декември 2024 година.
Ова е второ истражување на јавното мислење спроведено во Фондот за осигурување на депозити.
Првото истражување беше спроведено во декември 2019 година.
Со големо задоволство можеме да објавиме дека:
1. 83,6% од испитаниците знаат дека Фондот за осигурување на депозити ги гарантира банкарските депозити.
2. 72,7% од испитаниците сметаат дека банките се сигурно место за чување на заштедите.
3. Во 2024 година процентот на граѓани кoи знаат дека депозитите се гарантирани од некоја институција во државата се искачил на 30,5%, за разлика од 2019 година кога овој процент изнесува само 9%. Тоа укажува на фактот дека постои значителен напредок во информираноста на граѓаните за постоењето на систем за гаранција на депозитите во банките во Република Македонија.
4. Од вкупниот број испитаници, 35,1% слушнале за Фондот за осигурување на депозити.
5. Најголемиот број испитаници дознале за Фондот за осигурување на депозити преку медиумите. Во 2024 година, 58,1% од испитаниците ја добиле информацијата преку медиумите, што претставува пораст во однос на 47,5% во 2019 година. Ова укажува на зголемена медиумска покриеност и промоција на Фондот во последните години.
6. Може да се забележи дека е зголемено познавањето за максималниот износ кој Фондот за осигурување на депозити го обесштетува во Македонија. Во 2019 година, само 19,4% од испитаниците знаеле за овој износ, додека во 2024 година, процентот на информираност пораснал на 64,8%.
7. Во 2019 година, само 26,9% од испитаниците сметале дека постоењето на фондот е многу важно за градење на доверба во банкарскиот сектор, додека во 2024 година овој процент се зголемил на 72,3%.