Фондот за осигурување на депозити од Република Северна Македонија стана полноправна членка на Меѓународната асоцијација на осигурители на депозити (IADI)!!!

13.03.2025

Фондот за осигурување на депозити од Република Северна Македонија стана полноправна членка на Меѓународната асоцијација на осигурители на депозити (IADI)!!!

IADI претставува глобален креатор на стандарди за системите за осигурување на депозити и главен форум каде осигурителите на депозити од целиот свет се состануваат за да споделат знаење и експертиза.

Со нашето членство во големото семејство на IADI каде членуваат повеќе од 100 држави од целиот свет веруваме дека ќе оствариме соработка, координација и споделување информации меѓу членовите, ќе размениме искуства, практики и техники во однос на ефективните системи за осигурување на депозити, вклучително и управување и решавање на банкарски кризи.

Заедно, продолжуваме да напредуваме кон воспоставување ефективни системи за осигурување на депозити кои ги штитат осигурените депоненти и придонесуваат за финансиската стабилност.

https://www.iadi.org/2025/03/103-members/

  • Силк Роуд Банка АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • ПроКредит банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Битола
  • Стопанска банка АД Скопје
  • Универзална Инвестициона банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје
  • Централна Кооперативна банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • ТТК банка АД Скопје
  • Штедилница Можности ДОО Скопје
  • Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје