Конференција на Комитетот за односи со јавност при Европскиот форум на осигурители на депозити, 20.06.2019 година, Скопје

20.06.2019

Директорот на Фондот за осигурување на депозити, г-нот Борче Хаџиев, на 20 јуни 2019 година, ја отвори пролетната конференција на Комитетот за односи со јавност (PRC) при Европскиот форум на осигурители на депозити (EFDI), која за прв пат се одржа во Скопје, Република Северна Македонија. На конференцијата присутни беа претставници од шемите за осигурување на депозити од Унгарија, Холандија, Луксембург, Германија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Норвешка, Грција, Франција, Чешка, Романија, Австрија и Обединетото Кралство. 
 
Потенцирајќи ја важноста на овие конференции во областа на осигурувањето на депозити, директорот Хаџиев истакна:

Размената на искуства на шемите за осигурување на депозити помеѓу државите од Европа овозможува увид во праксите кои се спроведуваат во различно конципирани системи на осигурување на депозити, кои сепак на крајот имаат иста цел, а тоа е: гаранција на депозитите на граѓаните и зацврстување на довербата која тие ја имаат во банкарскиот сектор во едно економско општество. Чест е да бидеме домаќини на Комитетот за односи со јавност при ЕФДИ, каде Северна Македонија е полноправен член од самото формирање во 2007 година.

На конференцијата беа презентирани најновите случаи на исплата на осигурени депозити во регионот и Европа, како и најновите технологии кои нашите колеги од Европа ги користат за подобрување на услугите кон депонентите. 

 

 img-01e1c42bee21fbfd7151a2ddca2bb5a7-v-copy-2.jpg

img-1a3ab60f9121cba2893b60a5cbf625ad-v.jpg

img-e3d5b5aea73ba138c673888304758b52-v.jpg

  • Силк Роуд Банка АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • ПроКредит банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Битола
  • Стопанска банка АД Скопје
  • Универзална Инвестициона банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје
  • Централна Кооперативна банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • ТТК банка АД Скопје
  • Штедилница Можности ДОО Скопје
  • Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје