Фондот за осигурување на депозити, претставуван од директорот Бехар Емини, денес потпиша значаен Меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, претставуван од ректорката проф. д-р Билјана Ангелова. Со овој документ ја покажуваме нашата заложба за поддршка на студентите и нивниот професионален развој преку поврзување на теоријата со практиката.
Преку оваа соработка, Фондот ќе организира стручни предавања, практична работа и волонтерски ангажмани за студентите, со цел да им помогне да се запознаат одблизу со финансиската индустрија. Како институција, сме посветени на поддршката на младите и нивната подготовка за идните професионални предизвици.
Ова претставува важен чекор кон градење на мостови меѓу образованието и финансиските институции за добро на идните генерации.