Извештај за учество на Фондот за осигурување на депозити на 24-то Годишно Собрание на IADI во Лисабон, Португалија од 24-28 ноември 2025 година

03.12.2025

Фондот за осигурување на депозити беше учесник на 24-тото Годишно собрание на International Association of Deposit Insurers (IADI). Фондот е полноправен член на IADI и за прв пат учествува во работата на Европскиот комитет при ИАДИ, како и во групата на земји кои не се дел од управувачките структури на организацијата (Non‑Executive Council). Со своето учество, Фондот придонесува во дискусиите поврзани со развојот на глобалните стандарди и практики во осигурувањето на депозити.

Главен фокус на Годишното собрание беше ставен на ревидираните IADI Core Principles for Effective Deposit Insurance Systems. Овие принципи претставуваат глобален стандард и даваат насоки за тоа како системите на осигурување на депозити треба да функционираат со цел заштита на депонентите и одржување финансиска стабилност. IADI ги потенцираше и предизвиците што произлегуваат од дигитализацијата, новите финансиски технологии, како и потребата осигурителите на депозити да адаптираат на новите модели на банкарско работење.

Дигиталната трансформација беше истакната како еден од клучните фактори што влијаат врз осигурувањето на депозити. Развојот на дигитални услуги, електронски пари, дигитални валути и автоматизирани банкарски процеси бараат прилагодување на системите за заштита на депонентите. ФОД треба да развие стратегии за анализа на овие технологии и нивното влијание, како и да воспостави соодветни механизми за управување со новите ризици.

IADI ги истакна јавната едукација и транспарентноста како суштински дел од ефикасниот систем на осигурување на депозити. Неопходно е депонентите да имаат јасни и точни информации за своите права, покриеноста, начинот на обесштетување и улогата на ФОД. Фондот треба да развие програми за информирање и едукација насочени кон граѓаните и финансиските институции.

На состанокот беше потенцирана потребата сите членки на IADI да направат целосна само-евалуација според новиот официјален шаблон на IADI. Овој процес овозможува секој фонд да ги согледа своите силни страни, слабости и потреби за унапредување. За ФОД, ова е суштински чекор во подготовка за усогласување со меѓународните стандарди и подобрување на интерните процеси.

Новите Core Principles ставаат силен акцент на улогата на потребата осигурителите на депозити во процесите на решавање на банки. Системите за осигурување на депозити треба да бидат интегрирани во националната рамка за управување со пропаѓање банки, со јасни процедури и координација помеѓу надзорните тела, органите за решавање на банки и фондовите. ФОД треба да ги ревидира своите механизми за брза, ефикасна и транспарентна исплата на обесштетувања, како и да развие капацитети за учество во процесите на навремена интервенција.

Препорачано е сите институции кои се дел од финансиската стабилност да се вклучат во анкетите, истражувањата и техничките анализи кои ги иницира IADI. Овие активности обезбедуваат споредба на практиките меѓу земјите, размена на искуства и развој на нови методологии. Активното учество на ФОД во овие процеси ќе придонесе за модернизација на системот и зајакнување на институционалните капацитети.

Учеството на Фондот за осигурување на депозити на 24-тото Годишно собрание на IADI ни даде можност да се запознаеме со процесот на подготовка на новите глобални стандарди, технолошките промени и потребите за институционални реформи. Следните чекори треба да вклучат системска работа на дигитализација, јавна едукација, само-евалуација според Core Principles и зголемено учество во меѓународните анализи и истражувања. Ова ќе овозможи поголема заштита на депонентите и јакнење на финансиската стабилност во Република Северна Македонија.

Изготвил:

д-р Краља Чесмаџиска

Слика
4
Слика
2
Слика
4
Слика
5
Слика
6
Слика
7
Слика
8
Слика
9
Слика
10

 

  • Силк Роуд Банка АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • ПроКредит банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Битола
  • Стопанска банка АД Скопје
  • Универзална Инвестициона банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје
  • Централна Кооперативна банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • ТТК банка АД Скопје
  • Штедилница Можности ДОО Скопје
  • Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје