

ОРГАНИ НА ФОНДОТ
Органи на Фондот се Управен одбор и дирeктор
в.д. директор | Behar Emini |
beharemini@fodsk.org.mk |
Биографија
Бехар Емини е дипломиран економист и позната личност во јавниот и приватниот сектор во Северна Македонија. Роден е во Скопје, а средното образование го завршил во СОУГС „Арсени Јовков“. Додипломските студии ги продолжил на Универзитетот во Тетово, дипломирал Економија. Во моментов е на магистерски студии на Американскиот универзитет на Европа - ФОН (AUE-FON).
Бехар Емини во својата професионална кариера извршуваше значајни функции со висока одговорност. На почетокот на својата кариера работел во општина Бутел, придонесувајќи за руралниот економски развој и подобрување на животот на локалните жители. Потоа ја извршувал функцијата организациски директор на Универзитетската клиника за пластична хирургија, каде успешно раководел со административните процеси и секојдневното работење на клиниката.
Во приватниот сектор, Бехар Емини има значително искуство. Работел како одговорно лице за логистика во меѓународната компанија Kromberg & Schubert, каде одиграл клучна улога во управувањето со синџирот на снабдување и оптимизирање на логистичките процеси на компанијата. Исто така, тој работел во компанијата Даути Комерц како одговорно лице за промоција на продажбата, помагајќи да се зголемат перформансите и да се подобрат продажните резултати на компанијата.
Покрај професионалните обврски, Бехар Емини е посветен семеен човек, оженет и татко на една ќерка. Тој продолжува да дава важен придонес за заедницата и економијата на неговата земја со амбиција и посветеност.