Чии депозити се осигурени?

FODSK

Кој е осигурен?

Осигурени се депозитите на домашни и странски физички лица, кои се депонирани во банки, филијали на странски банки и штедилници во Република Северна Македонија.

Депозитите се задолжително осигурени доколку се депонирани во банки и штедилници кои имаат одобрение за прибирање депозити од Народна банка на Република Северна Македонија.

Единствен услов за обесштетување е физичкото лице да се идентификува во согласност со Правилникот за начинот и постапката на обесштетување на депонентите во случај на настанување на ризичен настан.

Физичките лица депоненти имаат обврска редовно да ги ажурираат своите лични податоци во банката, филијалата на странска банка или штедилницата.

Кои банки/филијали на странски банки/штедилници ги осигуруваат депозитите?

Сите банки, филијали на странски банки и штедилници во Република Северна Макeдонија се членки на Фондот за осигурување на депозити и имаат обврска да плаќаат премија за осигурување на депозитите на физичките лица.

На видни места на шалтерите во банките и штедилниците има истакнато соопштенија до штедачите со информација дека депозитите на физичките лица во таа банка или штедилница се осигурени во Фондот за осигурување на депозити.

  • Силк Роуд Банка АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • ПроКредит банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Битола
  • Стопанска банка АД Скопје
  • Универзална Инвестициона банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје
  • Централна Кооперативна банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • ТТК банка АД Скопје
  • Штедилница Можности ДОО Скопје
  • Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје