📣 Денес Фондот за осигурување на депозити и Економскиот факултет – Скопје потпишаaa Меморандум за соработка! 🤝
📍 Скопје, 12.12.2025
Фондот за осигурување на депозити (ФОД) и Економскиот факултет – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ официјално потпишаа Меморандум за соработка со цел зајакнување на врските помеѓу високото образование и праксата во финансискиот сектор.
Овој Меморандум предвидува: ✨ организирање на стручни предавања и дискусии за студентите; ✨ практична обука и волонтерски ангажмани за студентите на факултетот; ✨ реализација на едукативни и промотивни настани за подигање на финансиската писменост; ✨ заедничка комуникација и координација во идни активности од заеднички интерес.
📚 Со потпишувањето на овој меморандум, двете институции ги спојуваат академските ресурси со практичните знаења од финансискиот сектор, создавајќи одлични услови за студентите да се подготват за реални професионални предизвици.
🤝 Ова партнерство ќе им овозможи на студентите на Економскиот факултет – Скопје да стекнат вредни искуства, практична работа и директен увид во функцијата и улогата на Фондот за осигурување на депозитите и финансиската стабилност.
👉 Со ова, се зацврстува соработката меѓу образованието и финансискиот сектор за подготовка на нова генерација на професионалци! 🇲🇰













