Фондот за осигурување на депозити информира дека директорот Бехар Емини учествуваше на состанокот на Европскиот комитет на European Forum of Deposit Insurers, кој се одржа на 22–23 април 2026 година во Фиренца, Италија.
На дводневниот настан беа разгледани клучни теми поврзани со унапредувањето на европската рамка за управување со банкарски кризи и осигурување на депозити (CMDI), вклучително и предлог-реформите на Европската комисија, улогата на националните фондови во кризни ситуации, како и координацијата помеѓу институциите во рамките на Банкарската унија.
Во рамки на агендата, учесниците дискутираа за резултатите од работните групи на EFDI, меѓу кои Банкарската унија (BUWG) и DGSD 3 работната група, како и за прашања поврзани со третманот на филијали од трети земји, размена и обработка на податоци, и идните активности поврзани со „passporting“ механизмите. Особено внимание беше посветено на новиот европски пристап кон управување со кризи, преку излагања и панел-дискусии со претставници на релевантни европски институции.
Со своето активно учество, директорот Емини придонесе во размената на искуства и ставови со европските партнери, при што Фондот за осигурување на депозити продолжува да ја зајакнува својата улога и да ги усогласува своите практики со европските стандарди во областа на заштита на депозитите и финансиската стабилност.













