01.11.2021
Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, беше одбележан во петок, 29.10.2021 година со настан организиран од Македонската банкарска асоцијација. На овој настан, традиционално учествуваат и претставници на Фондот за осигурување на депозити, како една од најзначајните институции во обезбедувањето на финансиската стабилност и сигурност на банкарскиот систем во Република Северна Македонија.