
Посветени на финансиската едукација
Во рамките на Global Money Week #2025 (17-23 март), Фондот за осигурување на депозити од Република Северна Македонија се вклучува во глобалниот ангажман со hashtag #financialeducation
- Важноста на финансиската едукација: Финансиската едукација помага во донесување безбедни одлуки за управување со личните финансии;
- Улогата на Фондот за осигурување на депозити: Фондот гарантира обесштетување на депозити на население до законски утврдениот праг во максимален износ од 30.000 евра во денарска противвредност по депонент по банка/штедилница, членка на банкарскиот систем во Република Северна Македонија. Фондот за осигурување на депозити ужува висока доврбра кај граѓаните и игра значајна улога во одржување на стабилноста на финансисикиот систем;
Фондот за осигурување на депозити продолжува со поттикнување едукативни иницијативи со цел да ја зајакнеме довербата и безбедноста на депонентите. Убедени сме дека поголемата финансиска едукација е клучна за градење на посилен и потранспарентен финансиски систем. Овие иницијативи имаат за цел да поттикнат позитивно влијание врз финансискиот живот на младите, овозможувајќи им да донесуваат конструктивни и одговорни одлуки, придонесувајќи на некој начин за нивниот раст и подготвувајќи ги да станат финансиски свесни возрасни лица, подготвени за иднината.