Годишнa конференција на Центарот за советување за финансискиот сектор на Светската банка (Financial Sector Advisory center - FinSAC)

30.05.2025

На 27 и 28 Мај 2025 во Виена се одржа  годишната конференција на Центарот за советување за финансискиот сектор на Светската банка (Financial Sector Advisory center - FinSAC) на која учествуваше и Директорот на Фондот за осигурување на депозити Бехар Емини.

На конференцијата, под наслов „Финансиска стабилност во време на геополитички турбуленции“, присуствуваа високи претставници од финансиски регулатори, централни банки и меѓународни институции од земјите од Европска Унија. Преку панели, технички сесии и студии на случај, се дискутираа прашања поврзани со прекуграничната соработка за супервизија, дигитализација на финансискиот сектор, климатски ризици и управување со финансиски кризи.

Директорот на Фондот оствари бројни средби за вмрежување со релевантни институции, размена на искуства и следење на најновите трендови во зајакнување на отпорноста и стабилноста на финансискиот систем.

Слика
1
Слика
2
Слика
3
Слика
4
Слика
5

 

  • Силк Роуд Банка АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • ПроКредит банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Битола
  • Стопанска банка АД Скопје
  • Универзална Инвестициона банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје
  • Централна Кооперативна банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • ТТК банка АД Скопје
  • Штедилница Можности ДОО Скопје
  • Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје