На денешниот едукативен настан организиран од страна на Фондот за осигурување на депозити, голем број студенти од економските факултети од целата држава имаа можност да се запознаат со улогата на Фондот, важноста на заштитата на депозитите на физичките лица, како и механизмите за обезбедување финансиска сигурност.
Мотото оваа година гласеше ,,Сигурна потпора за стабилна иднина’’, каде преку Чадорот на финансиска сигурност приказно беа опфатени неколку исцрпни презентации на вработените од Фондот со цел детално објаснување на улогата на Фондот кон младите студенти.
Настанот вклучуваше презентации и интерактивни сесии кои ги истакнаа деловните активности кои Фондот ги презема за заштита на депозитите. Дополнително, студентите учествуваа во награден квиз, каде победниците со точни и најбрзи одговори освоија парични награди од 5000, 3000 и 2000 денари.
„Преку вакви едукативни настани, нашата цел е да ја зголемиме финансиската писменост кај младите и да ги поттикнеме да размислуваат за сигурноста на своите заштеди,“ изјави директорот на Фондот, Бехар Емини.