Средба помеѓу Фондот за осигурување на депозити и Македонската банкарска асоцијација, 18.10.2024 година

21.10.2024

Во рамките на “месецот на штедење” и во пресрет на Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, на 18.10.2024 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација, се оствари заедничка средба со високи претставници на сите членки на Фондот за осигурување на депозити и Македонската банкарска асоцијација, банките и штедилниците.

Целта на средбата беше запознавање на новиот в.д.директор на Фондот, г-нот бехар Емини со претставниците на банкарскиот сектор во Република Северна Македонија и продлабочување на соработката меѓу институциите.

На средбата се разговараше за соработката помеѓу Фондот за осигурување на депозити и Македонската банкарска асоцијација, тековните активности на Фондот, како и перспективите во работењето на институцијата.

Средбата беше оценета како успешна на која се споделија неколку мислења и предлози за заедничка соработка во иднина.

Слика
маја и бехар 3
Слика
маја и бехар
Слика
мба 5
Слика
мба 6
Слика
мба 8
Слика
мба 9
Слика
мба 11
Слика
мба 12
  • Силк Роуд Банка АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • ПроКредит банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Битола
  • Стопанска банка АД Скопје
  • Универзална Инвестициона банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје
  • Централна Кооперативна банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • ТТК банка АД Скопје
  • Штедилница Можности ДОО Скопје
  • Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје