Фондот за осигурување на депозити и Македонската банкарска асоцијација го одбележаа Светскиот ден на штедењето 2025

03.11.2025

На 31 октомври 2025 година, Фондот за осигурување на депозити, во соработка со Македонската банкарска асоцијација, традиционално го одбележа Светскиот ден на штедењето – ден кој ја потсетува јавноста на значењето на штедењето и довербата во финансискиот систем.

Настанот на кој присуствуваа претставници од финансискиот и банкарскиот сектор, институции, деловната заедница и медиумите се одржа во Mercedes Lounge Bar во Скопје.

Присутните ги поздравија д-р Маја Стевкова-Штериева, претседателка на Македонската банкарска асоцијација, м-р Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии во Владата на Република Северна Македонија, д-р Трајко Славески, гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија, и д-р Краља Чесмаџиска, претставник од Фондот за осигурување на депозити, во име на г-дин Бехар Емини, директор на Фондот за осигурување на депозити.

Во своите обраќања, говорниците ја истакнаа важноста на штедењето како предуслов за финансиска стабилност и развој, како и клучната улога на Фондот за осигурување на депозити во заштитата на доверителите и одржувањето на стабилноста на банкарскиот систем.

Во рамките на настанот беа поздравени и најдобрите службеници од банкарскиот сектор, чија посветеност и професионалност придонесуваат за јакнење на довербата на граѓаните во финансиските институции.

Настанот заврши со пригоден коктел и дружење на присутните во пријатна атмосфера.

Со ова традиционално одбележување, Фондот за осигурување на депозити и Македонската банкарска асоцијација уште еднаш ја потврдија својата заедничка мисија – промоција на штедењето, финансиската писменост и стабилноста на банкарскиот систем во Република Северна Македонија.

Слика
1. 2025 den na stedenje
Слика
2. Maja
Слика
3. ministerka
Слика
4. guverner
Слика
5. kralja

 

Слика
grupna
Слика
7. grupna 2
Слика
baloni 2
Слика
kolaci

 

  • Силк Роуд Банка АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • ПроКредит банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Битола
  • Стопанска банка АД Скопје
  • Универзална Инвестициона банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје
  • Централна Кооперативна банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • ТТК банка АД Скопје
  • Штедилница Можности ДОО Скопје
  • Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје