Соопштенија

Сочувство

23.11.2021
Во најтажните денови за македонските граѓани, изразуваме длабоко сочувство до семејствата на нашите сограѓани кои своите животи ги загубија во трагичната сообраќајна несреќа која се случи во Бугарија. Неизмерна е тагата која сите ја чувствуваме. На повредените им посакуваме поскоро закрепнување од повредите. директор Amir Shabani

Светски ден на штедење, 31 октомври

01.11.2021
Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, беше одбележан во петок, 29.10.2021 година со настан организиран од Македонската банкарска асоцијација. На овој настан, традиционално учествуваат и претставници на Фондот за осигурување на депозити, како една од најзначајните институции во обезбедувањето на финансиската стабилност и сигурност на банкарскиот систем во Република Северна Македонија.

Соопштение за јавност

06.10.2021
Фондот за осигурување на депозити ја известува јавноста дека на 15 септември 2021 година измина една година од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите – физички лица со право на обесштетување од „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај. Во текот на оваа година исплатени се точно 89,56% од вкупниот пресметан износ на обесштетување или вкупно 12.228 депоненти...

Соопштение за јавност

01.11.2020
Фондот за осигурување на депозити ја известува јавноста дека сите свои обврски ги извршува согласно Законот за Фондот за осигурување на депозити. Наша основна цел и дејност, како и до сега, е осигурувањето на депозитите на населението и обесштетување на депонентите во случај на настанување на ризичен настан до законски определениот праг на обес...

Светски ден на штедење 31 октомври

31.10.2020
Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити денес организираше пригодна виртуелна свечаност по повод Светскиот ден на штедењето, 31 октомври. На е-настанот се вклучија министерот за финансии Фатмир Бесими, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, в.д директорот на Фондот, Амир Шабани, претставници на финансиските институции, на членките на Македонската банкарска асоцијација и нивните најдобри служ...

Соопштение за почеток на исплата на обесштетување на депонентите на “Еуростандард банка” АД во стечај со право на обесштетување

15.09.2020
Ги информираме депонентите на „Еуростандард банка” АД во стечај со право на обесштетување и јавноста дека на ден 15.09.2020 година, вторник, ќе започне исплатата на обесштетувањето на осигурениот износ на нивниот депозит до законски утврдениот максимален износ од...

Соопштенија до депонентите во „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај од банките - исплатувачи

14.09.2020
Соопштенија до депонентите во „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај од банките - исплатувачи: Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Халкбанк АД Скопје ...

Соопштенија до депонентите во „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај 04.9.2020

04.09.2020
Ги информираме физичките лица - депоненти во „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај дека обесштетувањето на осигурениот износ на нивниот депозит до законски утврдениот максимален износ од 30.000 евра ќе се исплаќа еднократно и во целост и ќе биде достапен за испл...

Соопштенија до депонентите во „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај 03.9.2020

03.09.2020
Фондот за осигурување на депозити ги известува депонентите – физички лица (резиденти и нерезиденти) на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај дека е склучен договор со банките-исплатувачи. Во текот на следните денови, Фондот преку соопштение до медимуите и јавноста ќе ги извести депонентите за точниот датум на почетокот на исплатата на обесштетувањето на осигурените депозити кај банките – исплатувачи и за распоредот на деп...

Соопштение од стечајниот управник „Еуростандард банка“ АД Скопје до клиентите на банката

26.08.2020
Се известуваат сите физички и правни лица дека согласно Законот за банките, побарувањата по основ на депозит кои ги имаат од „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај, без оглед на износот, се сметаат за пријавени со денот на отворање на стечајната постапка во Банката и тие немаат обврска за нивно пријавување до стечајниот управник, согласно член 162 од Законот за банките...

Соопштение до депонентите во „Еуростандард банка“ АД Скопје

26.08.2020
Фондот за осигурување на депозити ги известува депонентите – физички лица (резиденти и нерезиденти) на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај и јавноста, дека согласно критериумите пропишани од Фондот за осигурување на депозити за избор на банка – исплатувач, односно банки - исплатувачи преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на осигурените депозити, избрани се следните 4 (четири) банки:

Информации за правните лица коишто биле клиенти на „ЕУРОСТАНДАРД БАНКА“ АД Скопје

12.08.2020
Од причина што на „Еуростандард банка“ АД Скопје ѝ е укината дозволата за основање и работење и е исклучена од платниот промет во земјата и странство, нема да бидете во можност да ја корис...

Соопштение на Комитетот за финансиска стабилност

30.06.2020
И по укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје, граѓаните треба да бидат спокојни – банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен. Стабилни и сигурни се сите други банки, како и штедилниците.

Соопштение на Народната банка и Фондот за осигурување на депозити - за Еуростандард банка АД Скопје

12.06.2020
Соопштение на Народната банка и Фондот за осигурување на депозити Народната банка ја укина дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје. Депозитите на граѓаните во „Еуростандард банка“ АД Скопје се осигурени и ќе бидат обесштетени од ФОД. Поради тоа што се работи за банка на која отпаѓа само 1,3% од активата на банкарскиот систем, укинувањето на доз...

Соопштение до депонентите во „Еуростандард банка“ АД Скопје на Фондот за осигурување на депозити

12.06.2020
Фондот за осигурување на депозити согласно Решението на гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15 -20139/1 од 12 август 2020 година за укинување на дозволата за основање и работа на „Еуростандард банка” АД Скопје ги известува сите физички лица – депоненти на „Еуростандард банка“ АД Скопје дека обесштетувањето по основ на вкупни депозити кои ги имаат во Банката ќе започне во рок од 20 дена и ќе се изврши во сог...

Информации за физичките и правните лица коишто биле клиенти на „Еуростандард банка“ АД Скопје

12.06.2020
Од причина што на „Еуростандард банка“ АД Скопје ѝ е укината дозволата за основање и работење и е исклучена од платниот промет во земјата и странство, нема да бидете во можност да ја користите вашата трансакциска сметка во Банката. Ако покрај трансакциската сметка во „Еуростандард банка“ АД Скопје имате трансакциска сметка и во друга банка, кор...

Информации за физичките коишто биле клиенти на „Еуростандард банка“ АД Скопје

12.06.2020
Од причина што на „Еуростандард банка “ АД Скопје ѝ е укината дозволата за основање и работење и е исклучена од платниот промет во земјата и странство, нема да бидете во можност да ја користите вашата трансакциска сметка во Банката.Ако покрај трансакциската сметка во „Еуростандард банка“ АД Скопје имате трансакциска сметка и во друга банка, кор...

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за Гласот на Америка: Денарот останува стабилен. Финансиската поддршката од ММФ ќе помогне за добивање поддршка и од други извори

17.04.2020
Скопје, 17 април 2020 година Клучно е здравствената корона-криза, во глобални рамки да стивне до средината на годината, за потоа да се олабават мерките за заштита на здравјето и економијата постепено да се враќа во нормала. Мошне е важно шокот предизвикан од појавата на коронавирусот да трае што пократко за да нема поголеми негативни ефекти врз билансите и на фирмите и на финан...

Интервју Хаџиев: Граѓаните да не ги чуваат големите заштеди само во една банка

26.12.2019
Иако граѓаните главно се информирани, Борче Хаџиев, директорот на Фондот за осигурување на депозити, им порачува на штедачите кои имаат повеќе од 30.000 евра депозит да го прераспределат во две, односно повеќе банки заради поголема сигурност. Тој сепак смета дека во поново време не е забележан ниту еден инцидент во смисла на тоа одреден штедач да остане без својот депозит.

Зајакната координација за одржување на финансиската стабилност

05.12.2019
Финансиските регулатори ја зајакнуваат соработката во следењето на состојбите во финансискиот систем. И во околностите коишто ги наметнува корона-кризата, со максимална посветеност на секој регулатор во рамки на неговите надлежности, координирано ќе се одржува финансиската стабилност.
  • Силк Роуд Банка АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • ПроКредит банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Битола
  • Стопанска банка АД Скопје
  • Универзална Инвестициона банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје
  • Централна Кооперативна банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • ТТК банка АД Скопје
  • Штедилница Можности ДОО Скопје
  • Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје