Соопштенија

Запознај го Фондот за осигурување на депозити

04.12.2019
Во рамките на низата промотивни активности кои Фондот за осигурување на депозити ги остварува со цел запознавање на јавноста со функциите кои ги извршува, а во соработка со Македонската банкарска асоцијација, на 4.12.2019 година се одржа настанот „Запознај го Фондот за осигурување на депозити“, во просториите на „Јавна соба“, кој беше најменет за посебна категорија учесници - студентите од нашите универзитети.

Фондот за осигурување на депозити и Македонската банкарска асоцијација денес заедно го прославија Светскиот ден на штедењето, 31.10.2019 година

31.10.2019
Во организација на Македонската банкарска асоцијација и Фондот за осигурување на депозити денес во Скопје се одржа свечена прослава по повод Светскиот ден на штедењето, 31.10.2019 година.

Фондот за осигурување на депозити и Македонската банкарска асоцијација денес зедно го прославија Светскиот ден на штедењето

Во организација на Македонската банкарска асоцијација и Фондот за осигурување на депозити денес во Скопје се одржа свечена прослава по повод Светскиот ден на штедењето, 31.10.2019 година.

Конференција на Комитетот за односи со јавност при Европскиот форум на осигурители на депозити, 20.06.2019 година, Скопје

20.06.2019
Директорот на Фондот за осигурување на депозити, г-нот Борче Хаџиев, на 20 јуни 2019 година, ја отвори пролетната конференција на Комитетот за односи со јавност (PRC) при Европскиот форум на осигурители на депозити (EFDI), која за прв пат се одржа во Скопје, Република Северна Македонија. На конференцијата присутни беа претставници од шемите за осигурување на депозити од Унгарија, Холандија, Луксембург, Германија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Норвешка, Грција, Франција, Чешка, Романија, Австрија и Обединетото Кралство.

Статија за Конференцијата на Комитетот за односи со јавност, која се одржа во Скопје, објавена во месечниот весник кој го објавува EFDI Европскиот форум за осигурители на депозити

19.06.2019
Статија за Конференцијата на Комитетот за односи со јавност, која се одржа во Скопје, објавена во месечниот весник кој го објавува EFDI Европскиот форум за осигурители на депозити

Одбележан Светскиот ден на штедењето, 31 октомври 2018 година

31.10.2018
Банкарскиот сектор е стабилен, а граѓаните и компаниите повеќе штедат. Банките имаат 5,6 милијарди евра депозити, а само годинава вкупните заштеди пораснаа за 11 проценти. Од нив, околу 4 милијарди евра се заштеди на граѓаните.

Четврт Регионален состанок на Фондови за осигурување на депозити од земјите од Балканот

22.06.2016
Фондот за осигурување на депозити на Македонија беше домаќин на 4тиот Регионален состанок на Фондови за осигурување на депозити од земјите од Балканот, членки на Европски Форум на осигурители на депозити, кој се одржа од 22-24 јуни, 2016 година во Охрид.

Соопштение

01.05.2016
Фондот за осигурување на депозити ги осигурува сите депозити на физичките лица во сите банки, филијали на странски банки и штедилници во Република Македонија

Трет состанок на Фондовите за осигурување на депозити од земјите од Балканот – потпишан заеднички меморандум за разбирање

11.04.2016
Следствено на двата претходни состаноци одржани во Р. Хрватска и Р. Босна и Херцеговина во 2015 година, членовите на Европскиот Форум на осигурители на депозити се состанаа во Србија (Златибор) на 11 март, 2016 година каде ја продолжија соработката за размена на знаење, искуствa и најдобри практики на полето на осигурување на депозити.

Учество на ФОД на редовна годишна конференција на ЕФОД

03.09.2015
Редовната годишна конференција со наслов “Навигација кон зголемена финансиска стабилност” на Европскиот форум на осигурители на депозити (ЕФОД), каде Фондот за осигурување на депозити од Република Македонија членува со полноправно членство и право на глас, се одржа во Дубровник, Хрватска и тоа во периодот од 3 до 5 септември, 2015 година.

Повик – Соопштение до поранешните штедачи во Македонска банка АД Скопје во ликвидација кои сеуште не го оствариле своето право за обесштетување од страна на Фондот за осигурување на депозити

14.06.2021
Се повикуваат поранешните штедачи во Македонска банка АД Скопје во ликвидација да ги подигнат Потврдите за сопственост на депозитите во банката за да си го остварат правото на обесштетување и потоа да се обратат до Фондот за осигурување на депозити, за да си ги подигнат своите парични средства од пресметаното обесштетување, согласно законскиот важечки максимум на обесштетување во периодот кога е настанат ризичниот настан, односно кога врз банката е отворена ликвидационата постапка.

Прва средба на ЕФОД членки од Балканот

Прва средба на ЕФОД членки од Балканот Загреб, 27.03.2015 година Хрватска беше домаќин на првата средба на членките на ЕФОД (Европски форум на осигурители на депозити) од Балканскиот регион, што се одржа на 27 март 2015 година во Загреб.
  • Силк Роуд Банка АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • ПроКредит банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Битола
  • Стопанска банка АД Скопје
  • Универзална Инвестициона банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје
  • Централна Кооперативна банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • ТТК банка АД Скопје
  • Штедилница Можности ДОО Скопје
  • Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје