Редовната годишна конференција со наслов “Навигација кон зголемена финансиска стабилност” на Европскиот форум на осигурители на депозити (ЕФОД), каде Фондот за осигурување на депозити од Република Македонија членува со полноправно членство и право на глас, се одржа во Дубровник, Хрватска и тоа во периодот од 3 до 5 септември, 2015 година.
За прв пат во рамките на конференцијата, директорот на Фондот за осигурување на депозити, господинот Горан Анчески, преку својата презентација под наслов “Натурална облигација – повеќе од нормативна обврска” ја претстави нашата институција пред членките на Форумот, како и другите учесници на конференцијата.
Презентацијата беше успешна и предизвика интерес за подетална размена на искуствата кои Фондот ги презентираше пред публиката.
Особен интерес за искуствата на Фондот од Македонија изразија земјите од Балканскиот регион - членки на ЕФОД, кои веќе ја формираа иницијативата за организирање и реализација на нивни редовни средби што ќе се одвиваат во наредниот период.