Фондот за осигурување на депозити ги осигурува сите депозити на физичките лица во сите банки, филијали на странски банки и штедилници во Република Македонија
Предмет на осигурување во Фондот се:
- денарски и девизни депозити и трансакциони сметки на физички лица во банките, филијалите на странски банки и штедилниците во Република Македонија;
- сертификати за депозити;
- трансакциски сметки;
- депозити врзани за парични картички издадени од банките и филијалите на странски банки основани во Република Македонија;
- девизни приливи на физички лица во банките и филијалите на странски банки во Република Македонија.
Обесштетувањето е до 30.000 Евра во денарска противвредност по лице-депонент во поединечна банка/штедилница (17.12.2010 година).
Согласно Законот за Фондот за осигурување на депозити (“Службен вeсник на РМ“ бр. 63/00, 29/02, 49/03, 81/08, 158/10, 43/14, 15/15, 153/15 и 27/16), Фондот ги обесштетува физичките лица кои се депоненти и / штедачи во банки и штедилници во Република Македонија .
Во случај на обесштетување од страна на Фондот, поединечните депозити на едно лице во една банка, филијала на странска банка или штедилница се сметаат за единствен депозит.
Обесштетувањето на сите видови депозити се врши во денари.
Скопје, мај 2016 година