ЕУ КОМИТЕТ 29-30 АПРИЛ 2025 ГОД, ОСЛО

20.05.2025

Од 29 до 30 април 2025 година, Норвешкиот фонд за осигурување на допозити (Norwegian DGS/ Bankenes Sikringsfond) беше домаќин на дводневниот ЕУ комитет на Европскиот форум на осигурители на депозити (EFDI) кој се одржа во Осло, Норвешка.

Фондот за осигурување на депозити со свои претставници беше учесник на овој значаен настан.

Настанот го отвори Стиг Хелберг, извршен директор на Норвешкиот фонд за осигурување на депозити

На овој настан беа презентирани активности за прекуграничната соработка, заштита на податоците, управување со банкарските кризи, а беа споделени и практични искуства од земјите-членки на ЕУ. При тоа, се развија дискусии и се отворија прашања за кои е потребно да се разговара на следните состаноци на работната група.

Овој настан претставуваше одлична можност за професионална размена на искуства, како и за зајакнување на меѓународната соработката помеѓу Фондот за осигурување на депозити со слични институции низ цела Европа.

Слика
1
Слика
2
Слика
3

Слика
4
  • Силк Роуд Банка АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • ПроКредит банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Битола
  • Стопанска банка АД Скопје
  • Универзална Инвестициона банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје
  • Централна Кооперативна банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • ТТК банка АД Скопје
  • Штедилница Можности ДОО Скопје
  • Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје