Фондот за осигурување на депозити на Македонија беше домаќин на 4тиот Регионален состанок на Фондови за осигурување на депозити од земјите од Балканот, членки на Европски Форум на осигурители на депозити, кој се одржа од 22-24 јуни, 2016 година во Охрид.
Директорите и претставниците на Фондовите за осигурување на депозити од Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора, сите потписници на заедничкиот меморандум за разбирање, разменија мислење за дејствувањето на фондовите и нивната улога во промовирање на финансиска стабилност во случај на криза. На средбата се разменија искуства за самостојно и кохерентно заедничко дејствување со другите финансиски институции за обезбедување на финансиска стабилност и заштита на депозитите земајќи ги во предвид законски утврдените надлежности на фондовите како и за јакнење на регионалната и билатералната соработка со цел поддршка на целокупната финансиска стабилност на регионот.
Регионалните средби на редовна основа ќе продолжат и во иднина и истите беа уште еднаш оценети како многу корисни не само во насока на јакнење на регионалната соработка туку и за размена на искуство и знаење во врска со новините на ниво на ЕУ за развој на Фондовите за осигурување на депозити, усогласување на националното законодавство со ЕУ директивите како и за застапување на меѓусебните интереси во меѓународните организации.
Презентации во прилог:
1. Албанија - презентација 1: Upload/Editor_Upload//Albania Presentation 1.pdf
2. Албанија - презентација 2: Upload/Editor_Upload//Albania Presentation 2.pdf
3. Босна и Херцеговина - презентација: Upload/Editor_Upload//Bosnia_Herzegovina Presentation.pdf
4. Македонија - презентација: Upload/Editor_Upload//Macedonia Presentation.pdf
5. Србија - презентација: Upload/Editor_Upload//Serbia Presentation.pdf