Информации за физичките коишто биле клиенти на „Еуростандард банка“ АД Скопје

12.08.2020

ИНФОРМАЦИИ
ЗА ФИЗИЧКИТЕ ЛИЦА КОИШТО БИЛЕ КЛИЕНТИ НА „ЕУРОСТАНДАРД БАНКА“ АД СКОПЈЕ

  • Од причина што на „Еуростандард банка “ АД Скопје ѝ е укината дозволата за основање и работење и е исклучена од платниот промет во земјата и странство, нема да бидете во можност да ја користите вашата трансакциска сметка во Банката.
  •  Ако покрај трансакциската сметка во „Еуростандард банка“ АД Скопје имате трансакциска сметка и во друга банка, користете ја таа сметка за остварување на Вашите приливи на парични средства, но претходно контактирате ја банката во којашто е сметката (преку е-пошта или преку телефонскиот контакт-центар), за да се информирате дали е потребно да ги ажурирате своите податоци.
  • · Доколку немате отворено трансакциска сметка во друга банка, потребно е да отворите нова трансакциска сметка во некоја од банките во земјата, по Ваш избор.
  • ·  Со цел непречено да остварувате приливи на парични средства, потребно е со писмен допис да ги известите институциите и лицата од коишто очекувате идни приливи, уплатите на паричните средства во иднина да ви ги исплаќаат на ваша трансакциска сметка во друга банка, и притоа треба да им го доставите бројот на трансакциската сметка и називот на банката во која таа е отворена.
  •  Вработените лица треба во најкраток рок да го известат својот работодавач, пред следната исплата на плата или други приходи коишто им ги исплаќа работодавачот.
  •  Пензионерите и корисниците на социјална помош, детска заштита и други видови на социјална помош треба да ја известат банката преку којашто би сакале понатаму да им се вршат исплатите.
  •  Лицата кои остварувале други приливи по било кој основ преку сметка во „Еуростандард банка“ АД Скопје (пр. хонорари, закупнини, субвенции, стипендии итн.), треба да го известат исплатувачот на средствата во иднина уплатите да ги врши на трансакциската сметка во друга банка.

 

 ДЕПОЗИТИ

 

  • ·           Депозитите на физички лица (резиденти и нерезиденти) во „Еуростандард банка“ АД Скопје се осигурени согласно со Законот за Фондот за осигурување на депозити. Осигурениот износ е до 30.000 евра по физичко лице – депонент. Обесштетувањето на овие лица ќе се врши со исплата на средства од страна на Фондот за осигурување на депозити (ФОД) и ќе започне во рок од 20 дена, согласно со Законот.
  • ·           Предмет на обесштетување се денарските и девизните депозити, средства на трансакциските сметки, депозитите врзани за парични картички, девизните приливи и сертификатите за депозити издадени од „Еуростандард банка“ АД Скопје.
  • ·           За обесштетувањето, нема потреба од дополнително барање / пријавување на побарувањата од страна на депонентите-физички лица. Депозитите се сметаат за пријавени со денот на отворање на стечајната постапка во Банката.
  • Силк Роуд Банка АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • ПроКредит банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Битола
  • Стопанска банка АД Скопје
  • Универзална Инвестициона банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје
  • Централна Кооперативна банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • ТТК банка АД Скопје
  • Штедилница Можности ДОО Скопје
  • Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје