Информации за правните лица коишто биле клиенти на „ЕУРОСТАНДАРД БАНКА“ АД Скопје

12.08.2020


Од причина што на „Еуростандард банка“ АД Скопје ѝ е укината дозволата за основање и работење и е исклучена од платниот промет во земјата и странство, нема да бидете во можност да ја користите вашата сметка во Банката.

·      Ако имате сметка во друга банка, со цел за непречено деловно работење потребно е да ја користите таа сметка. Претходно, потребно е да ја контактирате банката во којашто е отворена сметката (преку е-пошта или преку телефонскиот контакт-центар) за да се информирате дали е потребно да ги ажурирате вашите податоци.

·    Доколку немате сметка во друга банка, потребно е да отворите сметка во некоја од останатите банки во земјата, по Ваш избор.

 ·       Со цел непречено да остварувате парични приливи во иднина, препорачуваме сите правни и физички лица со кои имате деловна соработка, писмено да ги известите за промената на сметката на правното лице, при што ќе ги наведете бројот на сметката и банката во која таа е отворена.

 


ДЕПОЗИТИ
·           Побарувањето по основ на своите депозити во Банката, депонентите-правни лица ќе може да го остварат од стечајната маса на „Еуростандард банка“ АД Скопје, а се сметаат за пријавени со денот на отворање на стечајната постапка во Банката. Нема потреба да поднесувате посебно барање или да го пријавите своето побарување по основ на депозит од стечајната маса на Банката.

 

 ДРУГИ ПОБАРУВАЊА НА СРЕДСТВА
 ОД „ЕУРОСТАНДАРД БАНКА“ АД СКОПЈЕ

 (НЕ ПО ОСНОВ НА ДЕПОЗИТ)

 

·           Доверителите на Банката треба да ги пријават своите побарувања во рок кој ќе биде определен со решението на судот за отворање на стечајната постапка во Банката, а кој не може да биде подолг од 20 дена.

 

Потоа, овие доверители ќе треба своите побарувања да ги намират од стечајната маса на Банката во соодветна постапка.

 

 КРЕДИТИРАЊЕ
 

·       Начинот на измирување на обврските по основ на кредити, клиентите ќе го регулираат со стечајниот управник, којшто навремено ќе сподели информации со нив.

 

За дополнителни информации, физичките и правните лица коишто ги користеле услугите и производите на
„Еуростандард банка“ АД Скопје, може да се обратат секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на:

-          е-адресата: info@fodsk.org.mk или на телефонските броеви:

        02/ 3235-730                 и 02/ 3235-735 (ФОД) и

-          е-адресата: info@nbrm.mk или на телефонскиот број: 02/3108-550 (Народна банка).

  • Силк Роуд Банка АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • ПроКредит банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Битола
  • Стопанска банка АД Скопје
  • Универзална Инвестициона банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје
  • Централна Кооперативна банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • ТТК банка АД Скопје
  • Штедилница Можности ДОО Скопје
  • Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје