Слика
01.11.2020
Фондот за осигурување на депозити ја известува јавноста дека сите свои обврски ги извршува согласно Законот за Фондот за осигурување на депозити.
Наша основна цел и дејност, како и до сега, е осигурувањето на депозитите на населението и обесштетување на депонентите во случај на настанување на ризичен настан до законски определениот праг на обесштетување.
Исплатата на сите депоненти со право на обесштетување од сите до сега пропаднати банки и штедилници се одвива непречено.