Слика
03.03.2023
Денес во Фондот за осигурување на депозити, директорот Amir Shabani со својот тим одржа средба со Nigel Jenkinson од Светска банка на која се разговараше за тековните предизвици на финансискиот сектор и за подготовката на новиот Закон за осигурување на депозити. На средбата беше изразена и благодарност за поддршката која ја обезбедува тимот на Светска банка во процесот на подготовка на новиот Закон.