
Делегација на Фондот за осигурување на депозити од Република Северна Македонија, имаше задоволство да учествува на EFDI2025 Annual General Meeting & International Conferences, кој се одржа од 3 до 6 јуни во Мадрид, Шпанија.
Ни беше чест да бидеме дел од оваа важна европска платформа и да ја претставуваме Македонија со активен и конструктивен придонес.
Во рамките на Годишното Собрание и Меѓународната конференција со наслов “Цврсти темели за безбедна иднина: Зајакнување на финансиската стабилност”
Во рамките на средбите на работните групи при EFDI нашата делегација, како еден од најактивните учесници, беше дел од состанокот на Комитетот за Односи со Јавност каде беа договорени насоките за активностите на кои ќе се фокусираме идната година, а тоа се резултати од истражувања на јавни мислења, докази како промотивните активности влијаат врз градење на доверба во јавноста, примери и искуства од праксата, итн.
На Годишното Собрание на EFDI беше избран нов Управен одбор со мандат од пет години.
На Меѓународната конференција со наслов “Цврсти темели за безбедна иднина: Зајакнување на финансиската стабилност” учествуваа и презентираа значајни имиња од верата на финансиските и банкарските системи, претставници на централни банки, универзитетски професори и врвни професионалци од областа на осигурувањето на депозити.
Се враќаме со конкретни знаења, нови партнерства и инспирација за следните чекори во нашата работа.
#EFDI2025 #Fondzaosiguruvanjenadepoziti #FinancialStability



















