ИЗВЕСТУВАЊЕ до депонентите на „Еуростандард банка” АД во стечај со право на обесштетување

27.07.2023

ИЗВЕСТУВАЊЕ

до депонентите на „Еуростандард банка” АД во стечај со право на обесштетување

Ги информираме депонентите на „Еуростандард банка” АД во стечај со право на обесштетување и јавноста дека исплатата на обесштетувањето на осигурениот износ на нивниот депозит до законски утврдениот максимален износ од 1.850.889 денари која започна на 15.09.2020 година преку четирите деловни банки: Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, „Стопанска банка АД Скопје иХалкбанк АД Скопје ќе биде достапна заклучно со 01.09.2023 година.

По истекот на овој временски период, депонентите односно нивните наследници кои од различни причини не можеле да го остварат своето право на обесштетување во банките - исплатувачи, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување на депозити кој ќе обезбеди обесштетување независно од тоа кога депонентот ќе достави барање за остварување на своето право на обесштетување.

Потсетување:

До 01.09.2023 година исплатата на обесштетувањето преку четирите деловни банки се извршува на следниот начин:

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите А, Б, В, Г и Д се исплаќаат во експозитурите на „Комерцијална банка” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија.

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите од Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л и Љ се исплаќаат во експозитурите на „НЛБ Банка” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија.

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите од М, Н, Њ, О, П и Р се исплаќаат во експозитурите на „Стопанска банка” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија.

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите од С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш се исплаќаат во експозитурите на „Халкбанк” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија.

Информации за јавноста на:

  • веб страница: www.fodsk.org.mk и е-адреса: info@fodsk.org.mk

Фонд за осигурување на депозити

27.07.2023 година

  • Силк Роуд Банка АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • ПроКредит банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Битола
  • Стопанска банка АД Скопје
  • Универзална Инвестициона банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје
  • Централна Кооперативна банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • ТТК банка АД Скопје
  • Штедилница Можности ДОО Скопје
  • Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје