
Во четврток, 29 август и петок, 30 август 2024 година, Албанската агенција за осигурување на депозити (ADIA) беше домаќин во Валона, Албанија на успешен и прониклив дводневен настан на работните групи на EFDI: STWG, PRC и H2C Подгрупата.
Фондот за осигурување на депозити беше учесник на овој значен настан со свои претставници.
Првиот ден беше посветен на Стрес тест групата при EFDI (STWG). Настанот го отвори г-дин Генци Мамани, извршен директор на Албанската агенција за осигурување на депозити и лидерот на STWG, г-дин Хозе Марија Фернандез (FGD, Шпанија).
Вториот ден беше посветен на Комитетот за односи со јавност при (EFDI - PRC Committee), како и на подгрупата за меѓу гранична соработка.
На овие настани беа презентирани искуства при спроведување на стрес-тестови во различни држави, како и примери за исплата на обесштетување во последните 3 години. При тоа, се развија дискусии и се отворија прашања за кои е потребно да се разговара на следните состаноци на групите.

