МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ФОД И ФОН

13.11.2024

Во рамките на нашите заложби за продлабочување на соработката со високобразовните институции и за зголемување на јавната свест за сигурноста на депозитите, Фондот за осигурување на депозити (ФОД) и Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ-ФОН) потпишаа Меморандум за соработка 

Овој документ претставува значаен чекор за обезбедување на теоретски и практични знаења за важноста на шемата за осигурување на депозити и нејзината улога во заштита на интересите на граѓаните .

Меморандумот ги дефинира протоколите за организирање на отворени предавања за студентите на АУЕ-ФОН во областа на осигурувањето на депозити, со фокус на студентите на додипломски и постдипломски студии 

Исто така, во согласност со нашите капацитети, ќе обезбедиме можности за практична работа за студентите од овој универзитет во рамките на ФОД .

Оваа соработка е чекор напред во нашата стратегија за зајакнување на односите со образовните институции и за подготовка на нова генерација професионалци кои ќе придонесат за развојот на финансискиот и банкарскиот систем на земјата.

Слика
13.11.24  1
Слика
13.11.24 2
Слика
13.11.24 3
Слика
13.11.24 4
Слика
13.11.24 5
  • Силк Роуд Банка АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • ПроКредит банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Битола
  • Стопанска банка АД Скопје
  • Универзална Инвестициона банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје
  • Централна Кооперативна банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • ТТК банка АД Скопје
  • Штедилница Можности ДОО Скопје
  • Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје