Слика
18.09.2024
Денес, 18.9.2024 година се оствари средба помеѓу тимот на FinSAC од Светска банка и в.д. директорот на Фондот за осигурување на депозити, г-дин Бехар Емини. На средбата се дискутираше за помошта која Светска банка ја обезбедува во рамките на проектот за советодавна поддршка „Западен Балкан: Зајакнување на безбедноста, стабилноста и отпорноста на финансиските системи“ преку кој се поддржува зајакнувањето на правната рамка и институционалниот капацитет за осигурување на депозити во следните две години.
Слика