![kombo logo](/sites/default/files/styles/large/public/2022-02/combined_gold-1.jpg?itok=7Lx2ItSd)
![sredba bankari 1](/sites/default/files/styles/large/public/2023-03/slika-2.jpg?itok=lxkml2jp)
На 14.03.2023 година, во просториите на Фондот за осигурување на депозити, а на иницијатива на директорот на Фондот, г-нот Амир Шабани, за првпат по 23 години постоење на Фондот се оствари заедничка средба со високи претставници на сите членки на Фондот и Македонската банкарска асоцијација, банките и штедилниците, со цел продлабочување на соработката меѓу институциите.
На средбата се разговараше за соработката помеѓу Фондот за осигурување на депозити и Македонската банкарска асоцијација, каде членки се сите банки и штедилници од македонскиот банкарски сектор во Република Северна Македонија.
Со задоволство беше прифатена идејата овие средби да станат традиција и начин за разменување на мислења, искуства и предлози за проекти за заедничка соработка во иднина.
![sredba bankari 2](/sites/default/files/styles/large/public/2023-03/slika-nastan-banki-1.jpg?itok=O2zSo2R8)