На покана на директорот на Агенцијата за осигурување на депозити на Албанија, се оствари билатерална средба помеѓу в.д. директорот на Фондот за осигурување на депозити од С. Македонија, г. Бехар Емини и директорот на Агенцијата за осигурување на депозити на Албанија г. Генци Мамани. Средбата се одржа на 30 август 2024 година во градот Валона, Албанија.
Во текот на средбата се отвори дискусија за зајакнување на билатералната соработка помеѓу двете институции, како и зајакнување на меѓународната соработка со цел континуирана размена на искуства и полесно соочување со предизвиците кои двете институции ги пресретнуваат во текот на своето секојдневно функционирање.
На средбата беше договорено да се продолжи соработката, по потреба да се остваруваат билатерални средби на оперативно ниво и секако планирање и организирање на заедничка соработка и проекти со кои и двете институции ќе ја зајакнат својата соработка и ќе работат во насока на зајакнување на довербата во системите за осигурување на депозити.