Повик – Соопштение до поранешните штедачи во Македонска банка АД Скопје во ликвидација кои сеуште не го оствариле своето право за обесштетување од страна на Фондот за осигурување на депозити

14.06.2021

Се повикуваат поранешните штедачи во Македонска банка АД Скопје во ликвидација да ги подигнат Потврдите за сопственост на депозитите во банката за да си го остварат правото на обесштетување и потоа да се обратат до Фондот за осигурување на депозити, за да си ги подигнат своите парични средства од пресметаното обесштетување, согласно законскиот важечки максимум на обесштетување во периодот кога е настанат ризичниот настан, односно кога врз банката е отворена ликвидационата постапка.

Подигнувањето на потврдите треба да го направат во просториите на Македонска банка АД Скопје во ликвидација на булевар „ВМРО“ 3/12-3 во Скопје.

За подигнување на потврдата штедачот треба да приложи документ за идентификација, штедна  книшка, трансакциска сметка, наследно решение или друг вид на документ со кој докажува дека поседува штеден влог во оваа банка.

Доколку штедачот не е во можност лично да ја подигне потврдата за сопственост од Македонска банка ад Скопје во ликвидација, може да ополномошти лице со нотарски заверено овластување.

Можноста за подигнување на потврдата од Македонска  банка АД во ликвидација трае се до донесување на решение за заклучување на ликвидационата постапка од страна на стечајниот судија.

Фондот ги известува штедачите дека врз основа на Законот за заклучување на стечајни постапки отворени согласно со законот за присилно порамнување стечај и ликвидација и Законот за стечај (Службен весник на РМ, бр. 12 од 22.01.2014 година)сите започнати стечајни/ликвидациони постапки треба да се завршат во кратки законски рокови.

  • Силк Роуд Банка АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • ПроКредит банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Битола
  • Стопанска банка АД Скопје
  • Универзална Инвестициона банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје
  • Централна Кооперативна банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • ТТК банка АД Скопје
  • Штедилница Можности ДОО Скопје
  • Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје