Трет состанок на Фондовите за осигурување на депозити од земјите од Балканот – потпишан заеднички меморандум за разбирање

11.04.2016

Следствено на двата претходни состаноци одржани во Р. Хрватска и Р. Босна и Херцеговина во 2015 година, членовите на Европскиот Форум на осигурители на депозити се состанаа во Србија (Златибор) на 11 март, 2016 година каде ја продолжија соработката за размена на знаење, искуствa и најдобри практики на полето на осигурување на депозити.

Со цел да се зајакне соработката и размената на експертиза, Фондовите за осигурување на депозити од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Србија потпишаа заеднички меморандум за разбирање.

Заедничкиот меморандум за разбирање има за цел да им овозможи на потписниците да воспостават заеднички платформи за застапување на нивните заеднички интереси во меѓународните организации, подобрување на нивното искуство и експертиза како и заедничка соработка за поддршка и учество во целокупната финансиска стабилност во регионот. Потписниците утврдија дека овие цели ќе се исполнат преку размена на релевантни информации за состојбите во националниот финансиски и банкарски сектор, учество во практични вежби за симулација на криза, иницирање на заеднички истражувачки проекти, подобрување на регулаторната рамка и практики, воспоставување на експертски групи, размена на вработени и обука итн.

На состанокот се одржаа и панел дискусии за мониторинг на ризици, процена на премии за осигурување на депозити и финансирање и управување на фондови за осигурување на депозити.

round-table-1.jpg

round-table-2.jpg

signing-11_0.jpg

signing-2.jpg

  • Силк Роуд Банка АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • ПроКредит банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Битола
  • Стопанска банка АД Скопје
  • Универзална Инвестициона банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје
  • Централна Кооперативна банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • ТТК банка АД Скопје
  • Штедилница Можности ДОО Скопје
  • Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје