Фондот за осигурување на депозити и Македонската банкарска асоцијација го одбележуваат Светскиот ден на штедењето, 31 октомври

01.11.2024

Светскиот ден на штедењето се одбележува на 31. октомври, а е воспоставен на првиот Меѓународен конгрес на банки за штедење што се одржал во 1924 година во Милано, Италија.

Овој ден е посветен на зајакнување и ширење на свеста на јавноста за важноста на штедењето за економијата и за личните потреби на секој поединец.

Фондот за осигурување на депозити е значаен дел од финансискиот систем и има задача да ги осигурува депозитите на граѓаните и да гарантира исплата на обесштетување при ризичен настан. На тој начин, придонесува кон одржување и зајакнување на довербата која граѓаните ја имаат во банкарскиот систем.

Депозитите на населението во банкарскиот сектор во Република Северна Македонија се во континуиран пораст од година во година. Состојбата на депозитите на население во 2024 година, заклучно со 30.09.2024 изнесуваше 382 милијарди денари или 6,2 милијарди евра или пораст од 10% споредено со истиот период минатата година, или ако погледнеме 10 години наназад, од септември 2014 година до денес порастот на депозитите на население изнесува 86%.

Вкупните средства на ФОД заклучно со септември 2024 година изнесуваат 21 милијарди денари или 337 милиони евра.

Стапка на покриеност (таргет рацио) во август 2024 изнесува 5,44%.

Успешноста на деловната активност на Фондот се потврдува преку остварената нето добивка од инвестирање во државни хартии од вредност која до јуни 2024 година изнесува 349 милиони денари или 5,7 милиони евра. Годишната нето добивка за 2023 година изнесуваше 492 милиони денари или 8 милиони евра.

Спроведувањето на основната деловна активност на Фондот, а тоа е исплата на обесштетување на депоненти на банки или штедилници каде што настанал ризичен настан, од 1997 година, до денес успешно се извршува и до сега се исплатени 91% од пресметаното обесштетување, што секако претставува голем успех не само тука, туку и во рамките на Европските системи за осигурување на депозити.

Се потсетуваме дека со дисциплина во трошењето, мудри одлуки и контрола на нашите финансии можеме да создадеме стабилност и благосостојба за себе и за нашите семејства.

Светскиот ден на штедење не е само потсетник на индивидуалната одговорност, туку и на важноста на финансиската едукација.

Знаењето за тоа како правилно да управуваме со парите е клучно за подобра иднина.

Слика
2
Слика
4

 

Слика
3
Слика
5
Слика
6

 

  • Силк Роуд Банка АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • ПроКредит банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Битола
  • Стопанска банка АД Скопје
  • Универзална Инвестициона банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје
  • Централна Кооперативна банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • ТТК банка АД Скопје
  • Штедилница Можности ДОО Скопје
  • Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје