Фондот за осигурување на депозити и Македонската банкарска асоцијација денес заедно го прославија Светскиот ден на штедењето, 31.10.2019 година

31.10.2019

Во организација на Македонската банкарска асоцијација и Фондот за осигурување на депозити денес во Скопје се одржа свечена прослава по повод Светскиот ден на штедењето, 31.10.2019 година.

borce-21.jpg

 

Настанот го отвори Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева, која истакна дека македонските банки и штедилници многу одговорно и совесно ги чуваат средствата на штедачите. Тие прудентно кредитираат и се грижат за интересите на своите клиенти. Граѓаните претпочитаат да штедат во банкарски депозити како резултат на довербата во банкарскиот систем. Исто така, таа се осврна и на важноста и потребата од финансиска едукација на младите кои се иднината на нашата земја.

 

maja-sterieva.jpg

 

Министерката за финансии, д-р Нина Ангеловска, се обрати на присутните и истакна дека во 2019 година вкупните депозити забрзано растат. Задржан е трендот на зголемување на штедењето на населението, како резултат на довербата во банкарскиот систем. Денарското штедење на населението го надминува штедењето во девизи, што укажува на задржување на доверба на граѓаните во домашната валутa. Се задржа склоноста за штедење на долг рок, пред се во денари. Значително е зголемено кредитирањето на фирмите a нефункционалните кредити се задржаа на ниско ниво. Ова е показател за голема довербата во македонскиот банкарски систем.

 

nina_ang.jpg

 

Во својот говор, гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска се осврна на глобалните и на европските трендови на движење на каматните стапки и на остварувањата коишто покажуваат раст на нивото на депозитите во еврозоната, ставајќи акцент и на состојбите во нашата земја. Како што истакна таа, споредено со европскиот пазар, приносите на штедењето во домашниот банкарски сектор во голема мера сѐ уште се конкурентни, а во основа се релативно повисоки и во споредба со каматните стапки на штедните влогови во останатите земји од регионот.

 

anita.jpg

 

Директорот на Фондот за осигурување депозити, г-дин Борче Хаџиев ја истакна важноста кое штедењето ја има во одржувањето на финансиската стабилност во државата, а воедно и ја нагласи улогата на Фондот за осигурување на депозити кој има задача да ги осигурува депозитите на граѓаните и да гарантира исплата на обесштетување. На тој начин, придонесува кон одржување и зајакнување на довербата која граѓаните ја имаат во банкарскиот систем.  Заклучно со септември 2019 година, годишната стапка на раст на депозити на население изнесува 8,8%, највисока во последните 3 години.

 

borce.jpg

mba-svetski-den-na-shtedenje-okt2019-01.jpg

7f408a54044fbe6f8873e3d32c4df068.jpg

0-1.jpg

  • Силк Роуд Банка АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • ПроКредит банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Битола
  • Стопанска банка АД Скопје
  • Универзална Инвестициона банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје
  • Централна Кооперативна банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • ТТК банка АД Скопје
  • Штедилница Можности ДОО Скопје
  • Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје